Тешка сообраќајка во Битола: Моторциклист заврши со тешки повреди

42-годишник од Битола и малолетник се тешко повредени во Битола откако во нив налетал „фоклсваген поло“.

-Вчера во 19.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Широка“ и ул.„Смилево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(42) од Битола и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, велат од полицијата.

 Увид извршила екипа на СВР Битола.

25.10.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега