Тешка сообраќајка во Битола, две лица се повредени

На крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Скаловски“ на 14.05.2022 во 13.00 часот во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(57) од Битола и патничко возило „опел антара“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.С.(41) од Кичево.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.А.Т.(36), а со телесни повреди  М.С.(50), сопатнички од Кичево во возилото „опел антара“,  констатирани во Клиничка болница Битола“, соопштија од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициска станица Битола.

15.05.2022 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега