Тешка сообраќајка вечерва на патот Охрид-Свети Наум: Се судрија „шкода“ и „ауди“

Вечерва околу 19.30 часот на патот од Охрид кон Свети Наум, поточно помеѓу Градиште и Трпејца се случила сообраќајна несреќа, пренесува Infomax.

На местото на настаност според нивните информации се уште има увидна екипа на полциијата.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу службено возило марка Шкода и Ауди со албански регистарски таблички.

Засега нема информации за повредени лица. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

02.02.2023 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа