Возач на автомобил БМВ загина во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница во близина на селото Мирковци.
Полицијата информира дека нешто пред 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека автомобил излетал од патот.
„Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата“, велат од МВР.
Во тек е увид на местото на трагичната несреќа.


