Вчера во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Актуелно
- Снежен хаос во Турција: Училиштата затворени во 14 провинции
- Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада
- Трамп му се јави на Путин
- Дете истепано на Бит Пазар
- Голема радост во ЗОО Скопје, Мики и Делфина се заедно
- Паднаа потписи: Меморандум за заедничко десјтвување за Скопје – европска престолнина на културата
- Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот – Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
- До мај нов паркинг на Клинички

