Тешка сообраќајка на патот Куманово- Крива Паланка: Едно лице тешко повредено

 

Сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка е нормализиран откако беше во прекин околу еден час поради сообраќајна несреќа, во која едно лице се здоби со потешки повреди.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 12 септември околу 15 часот и 15 минути на магистралниот пат А2 , Куманово-Крива Паланка дошло до сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „Тојота“ со бугарски регистарски ознаки и „Опел астра“ со регистарски ознаки на Крива Паланка, во која  едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во  болница Куманово.

Полицијата изврши увид на местото на настанот. Сообраќајот беше во  прекин од 15 часот и 15 минути до 16 часот и пет минути

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега