Тешка сообраќајка кај Велешта, повредени дете и мотоциклист

Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила кај селото Велешта.

-Вчера во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл управуван од А.Ш.(21) од с.Октиси-струшко и патничко моторно возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(26) од с.Октиси-струшко, информира МВР. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид, а сопатникот- малолетник од с.Октиси се здобил со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струга, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега