Тешка сообраќајка кај Тетово- три лица повредени

Вчера во 17:25 часот било пријавено дека на излез од с.Радиовце-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Чегране-гостиварско и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ш.(21) од с.Теново-тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од с.Чегране-гостиварско од возилото “Поло“ по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.02.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа