Тешка сообраќајка кај струшко- возачот со тешки повреди префрлен во болница

Вчера во 14 часот и 30 минути било пријавено дека во Струга на крстосницата од регионалниот пат М.Мост-село Мислодежда и локалниот пат за село Ливада, се случила сообраќајна незгода.

Според пријавеното во полиција сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.В.(56) од село Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистерски таблици, управувано од Л.С.(80) од село Ливада-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.С., констатирани од страна на лекар од болницата „Свети Еразмо“-Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега