Тешка сообраќајка кај Старо Нагоричане – загина жена

80-годишна жена загина во сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возела излетало од патот.

-Вчера околу 16:10 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Облавце – општина Старо Нагоричане, патничко возило „форд фјужн“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(75) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата, возачот и сопатничката Р.И.(80) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што околу 20.00 часот Р.И. починала, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

26.09.2021 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега