Тешка сообраќајка кај Сопиште – 26-годишен моторциклист е тешко повреден

26-годишник завршил со потешки повреди откако вчера вечер во Сопиште со својот мотор „хонда“ удрил во возило „мерцедес“.

-Вчера во 19.00 часот во Скопје на ул.„1“-Сопиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.К.(26) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ш.(77) од Скопје. По несреќата Н.К. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

 За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

12.09.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега