Тешка сообраќајка кај Босилово: Автомобил удри во машина за сечење дрва - тројца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера изутрина на магистралниот пат Скопје – Ново Село кај селото Босоливо. Во несреќата повредени се три лица, од кои еден потешко.

-Вчера во 07.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, управувана од Б.Џ.(40) од Струмица и патничко возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од с.Петралинци, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од работната машина К.С. и С.Д., констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од полицијата.

 Во координација со Јавен обвинител, извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега