На 21.07.2026 година во 17:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, додека извршувал работни задачи.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


