Тешка несреќа за време на невремето во Скопје - Еден тешко повреден

Во 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот А.А. од Скопје, и моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот К.М. од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега