Тешка несреќа во Струмица - Има повредени

Две лица се здобиле со тешки повреди во несреќа на патот Струмица-Ново Село.

Во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, на крстосница за селата Зубово и Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и патничко моторно возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од с.Зубово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј  со телесни повреди.

На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега