Тешка несреќа во Скопје: Шест лица повредени во сообраќајка

Шест лица се повредени во тешка несреќа на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“.

МВР информира дека 45 минути по полноќ на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано 23-годишниот М.К. од Велес и патничко моторно возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Љ.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.И.(21) од Крива Паланка, сопатник во возилото „фолксваген голф“, додека М.К. и другиот негов сопатник А.Ф.(20) од Пробиштип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и Љ.Ј. и неговите сопатници Д.П.(30) од Скопје и Н.Н.(25) од Прилеп и биле пренесени во Градската болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од страна на увидна екипа од Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега