Тешка несреќа во Ресен - маж веднаш однесен во болница

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако додека управувал со својот велосипед во него удрил автомобил во Ресен.

- На 06.10.2020 во 12:35 часот било пријавено дека на ул. „11 Октомври“ во Ресен патничко возило „даеву ланос“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Е.Р., удрило во велосипед, управуван од 64-годишниот Е.И., двајцата од Ресен. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од ОВР Ресен - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа