Тешка несреќа во Пробиштип - автомобил излетал од патот

Три лица се здобиле со телесни повреди откако автомобил излетал од патот во Пробиштип.
-Синоќа во 00:15 часот било пријавено дека во село Пантич, пробиштипско, патничко возило „сеат толедо“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(21) од Кратово, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката П.В., а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.Д., констатирани во Здравствен дом Кратово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип - информира МВР.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа