Тешка несреќа во Прилеп - три момчиња повредени

Три лица се здобиле со сообраќајна несреќа која се случила во Прилеп.

-Денеска во 04:25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од булевар „Гоце Делчев“ и улица „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А. М.  од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А. Т.  од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф. В. (26) и Д. А. (18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп, информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега