Тешка несреќа во Неготино - автомобил управуван од малолетник излетал од коловозот и удрил во земјен пат

 

Возач и совозач се здобиле со телесни повреди откако доживеале сообраќајна несреќа во Неготино.

-Синоќа во 00:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Неготино – автопат, пред Неготинска клучка, патничко возило „ауди а8“, со гостиварски регистарски ознаки, управувувано од 16-годишник од село Градец, излетало од коловозот  и удрило во земјен пат. Во незгодата, совозачот Р.Е. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега