Тешка несреќа во Македонија: Прегазен велосипедист- лекарите можеле само да констатираат смрт

 

Велосипедист од Македонски Брод починал по сообраќајна несреќа, а докторите можеле само да констатират смрт.

„На 18.09.2020 околу 14.50 часот на регионален пат Скопје–Македонски Брод, кај место викано „Бабин дол“, патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедист С.П.(65) од Македонски Брод.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт“ соопштуваат од полиција.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега