Тешка несреќа во Македонија: Осум лица повредени


Осум лица се повредени кога се судриле автомобили на патот Велес- Мамутчево.

Околу 18.50 часот на регионалниот пат Велес - село Мамутчево, на место викано „Петрово чешмиче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.Ш. од Кавадарци и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.Д. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, И.Д. додека двајцата возачи и сопатниците од двете возила, Р.Ш., Е.А., Е.М., Б.М. и М.Г. се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега