Тешка несреќа во Македонија: Лице тешко повредено откако се забило во камион

Едно лице е тешко повредено кога се судриле камион и трактор во дојранско.

Околу 06 часот и 10  минути во село Николиќ, дојранско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано 41-годишниот М.Н. од село Николиќ  и трактор без регистерски ознаки, управуван од 56-годишниот Д.Т. од село Николиќ.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен во Здравствен дом Гевгелија за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега