Тешка несреќа во Македонија: Камион прегази две жени

Две жени прегазени од камион се здобиле со тешки повреди во Прилеп.

Во 18.30 часот на булеварот„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Н.Х. од селото Лажани, прилепско, удрило во пешаци.

Се работи за А.В.(48) и И.В.(25),  две жени од Прилеп кои биле прегазени.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега