Тешка несреќа во Македонија: Еден тешко повреден откако се забил во паркиран автомобил

Моторциклист се здобил со тешки повреди откако со моторцикл се забил во возило во Штип.

МВР информира дека во 14.30 часот на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип, мотоцикл „Арора“, управуван од 47-годишниот З.Д. од Штип, удрил во паркирано патничко моторно возило „тојота јарис“, со штипски регистарски ознаки, по што паднал на коловозот. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега