Тешка несреќа во Демир Капија - возило излета од патот

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако возилото со коешто управува излетало од патот.

-Вчера во 18:15 часот кај обиколница во близина на Јавно претпријатие„Комуналец“ во Демир Капија патничко моторно возило„ауди А6“ без регистарски ознаки  управувано од 30-годишниот А.С. од Неготино излетало од патот при што А.С. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е пренесен во Општата болни ца Неготино за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега