Тешка несреќа во Чаир: Татко и 9-годишно дете итно однесени во болница

 

Татко и син се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Чаир.

-Вчера во 17:00 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од 43-годишниот Ф.П. и четирицикл „БПР кан-ам ренегаде“ со скопски регистарски ознаки управуван од 42-годишниот Б.А. од село Батинци,скопско. Со возило на итна медицинска помош, Ф.П., неговиот малолетен деветгодишен сопатник и Б.А. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, а малолетникот е во животозагрозувачка состојба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје - инфрмира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега