Тешка несреќа во Битола - автомобил удри во велосипед

 

Велосипедит се здобил со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во неговиот велосипед.

Вчера во 18:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Столарска“, пред крстосница со кружен тек со ул. „Филип Втори Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(36) од село Јеловјане, тетовско, удрило во велосипед, управуван од Р.Н.(43) од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега