Тешка несреќа вечерва во Македонија: Возило слета во река, има повредени

Едно лице е повредено вечерва откако патничко моторно возило „југо“ слета во реката Луда Мара во кавадаречкото село Ваташа, во близина на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур.

Екипи на кавадаречката полиција вршат увид на местото на незгодата.

Од итната медицинска помош потврдија за МИА дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата. Следуваат дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега