Тешка несреќа на Плетвар - километарски колони, сообраќајот во прекин

Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.

-Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица.  Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони, информира АМСМ.

Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа