Тешка несреќа на патот Прилеп-Битола: Се судрија „цитроен“ и „опел“

 

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Битола, информира МВР.

-Вчера во 19:50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот В.П. од Битола и патничко возило „опел“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот М.С. од Прилеп. Во незгодата, М.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега