Тешка несреќа на патот Охрид-Кичево: Изгубил контрола над возилото и излетал од патот
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа вчера во 02:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево. Како што информира МВР 60-годишниот С.В. од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.
22.09.2019 - 15:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа