Тешка несреќа на патот Куманово-Свети Николе: Татко и 5-годишна ќерка завршија во болница

 

Вчера во 15:50 часот  на регионалниот пат Куманово - Свети Николе патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово  излетало од патот.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради  сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар - Штип, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза". 

Извршен е увид на местото на настанот.


 

 

 

 

12.06.2018 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа