Тешка несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Во 02.05 часот на магистрален пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“,од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега