Тешка несреќа на патот Градско-Прилеп: Има тешко повреден

Едно лице тешко повредено во несреќа која се случила вчера кога две возила се искршиле на патот Градско-Прилеп.

На патот Градско – Прилеп, на место викано „Фариш“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот С.Г. од Битола и патничко возило „киа“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Д.Р. од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „форд“, Г.К.(42) од Битола, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициска станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега