Тешка несреќа кај Катланово: Возило излета од патот - жена загина на лице место

 

Жена загина во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес, информира МВР.

-Вчера во 16:30 часот на автопат Скопје-Велес, кај село Катланово, патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Ф.Г. од Богданци,  излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје - соопштија од полицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега