Тешка кражба во скопско, полицијата приведе едно лице

 

Вчера во 10.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево и од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Г.Ј.(50) од Скопје, информираат од МВР.

МВР соопшти дека тој се сомничи дека неколку часа претходно извршил кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект на подрачјето на Драчево. Во службен разговор Г.Ј. го признал делото, а дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, потенцираат од МВР.

11.08.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега