Тешка кражба во Скопје: Украдени еден милион евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот од неговата куќа биле украдени 800 000 евра, 60 000 американски долари, 50 000 швајцарски франци и милион денари.

Како што се наведува во информацијата во денешниот билтен, кражбата била извршена од непознато лице кое насилно влегли во куќата и од една од собите ги одзел парите кои биле во три кеси.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега