Тешка кражба во џамија во Гостивар, приведен Босанец


Вчера околу 09.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина.

Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

05.03.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа