Терористот од Париз со шокантна изјава: Ние ве нападнавме, но немаше ништо лично

Обвинителството верува дека Абдеслам е единствениот преживеан од групата од ИСИС која извела вооружени напади во кафулиња, ресторани, концертната сала "Батаклан" и стадионот "Франција" во ноември 2015-та година.

Главниот осомничен за исламскиот терористички напад од 2015-та година, кога биле убиени 130 луѓе во Париз, денеска пред судот во Франција рекол дека "нема ништо лично во нападот", пренесува француската телевизија "BFM".

"Ја нападнавме Франција, целевме на жителите и тука нема ништо лично", рекол Салах Абдеслам, пренесува "Reuters".

Обвинителството верува дека Абдеслам е единствениот преживеан од групата од ИСИС која извела вооружени напади во кафулиња, ресторани, концертната сала "Батаклан" и стадионот "Франција" во ноември 2015-та година.

Абдеслам минатата недела го попречувал судењето така што давал политички изјави од обвинителната маса, поради што судијата привремено го суспендирал сослушувањето.

15.09.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега