Терористот од Нов Зеланд му ја уби сопругата, а тој вели дека сака да го прегрне - сите се зачудени од она што го кажа

Терористот Брентон Тарант уби 50 лица во две џамии во Нов Зеланд, меѓу кои била и 44-годишната Хусна Ахмед.

Нејзиниот сопруг, 59-годишниот Фарид вели дека покрај се не чувствува омраза кон убиецот. Хусна успеала неколку жени и деца да одведе на безедбно, а кога се вратила да му помогне на својот сопруг во инвалидска количка, била убиецна со куршум во грб.

Фарид успеал да избега, но подоцна дознал дека неговата сопруга настрадала во масакрот.

На прашењето што мисли за терористот кој ја уби неговата сопруга, Фарид има неочекуван одговор.

-Она што го направи е погрешно, но можеби бил поввреден, можеби нешто му се случило во животот. Му простив и сигурен сум дека мојата сопруга би го направила истото. Би сакал да можам да го прегрнам но и да ја прегрнам неговата мајка. Многумина ќе реќат дека сум луд, но секој човек има две страни. Ако можам да променам само една личност и да ја свртам од суровост кон дарежливост5, би бил горд - објаснил Фарид.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега