Терорист се разнел во Турција по полициска потера- силна експлозија за време на полициска потера

Неидентификуван милитант активирал експлозив за време на полициска потера во Турција, во близина на границата со Сирија, јави АП.

Милитантот се разнел и не се соопштува за други жртви.

Инцидентот се случил во градот Искендер, во провинцијата Хатај, откако полицијата сакала да запре две лица во автомобил, на патот што бил блокиран, изјави гувернерот на таа област ,Рахми Доган.

Тој на Твитер напишал дека експлозијата се случила за време на полициска потера и дека експлозијата била предизвикана од „еден или двајца терористи“, но дека нивната акција била неуспешна.

„Истрагата е во тек, се обидуваме да откриеме што точно се случило“, напишал Доган.

Телевизијата „ХаберТурк“ објави дека милитантот бил убиен кога активирал експлозивна направа, но не е познато што се случило со другото лице и дали воопшто имало друго лице.

Полиција, пожарникари и медицински екипи се испратени на границата со Сирија, објави АП, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Експлозијата се случила неколку дена откако американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд предупреди на можни инциденти и напади и врз американски и други странски државјани.

Тој ги повика Американците, кои во моментов се во Турција, да бидат претпазливи.

Исламската држава и отпаднатата курдска милитантна група извршија серија терористички акции на територијата на Турција во периодот од 2015 до 2017 година

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега