Тереза Меј се заблагодари на Заев: Горда сум што во последните 25 години сум прв премиер од Британија кој дошол во Македонија

 

Британската премиерка Тереза Меј денеска одржа прес-конференција во Владата заедно со премиерот Зоран Заев.

Таа истакна дека е горда што е прв премиер од Велика Британија што во последните 25 години ја посетил Македонија.

- „Ти благодарам Зоран на топлото добредојде и горда сум што во последните 25 години сум првиот премиер што ја посетил Македонија. Можеме да видите што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени и Македонија се отвори кон другите држави. Може да сметате на нашата поддршка. Вашата земја премиере е интегрален дел од Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако повеќе не сме членка на Европската унија. Ви посакувам топло добредојде на Самитот, истакна Меј денеска на прес-конференцијата.

 

 

 

17.05.2018 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега