Тереза Меј ќе си даде оставка пред наредните преговори- почна трката за нејзин наследник

Тереза Меј, британската премиерка, денеска изјави дека ќе поднесе оставка пред наредната фаза на преговори на Британија за Брегзит, па иако не го објави датумот на кој ќе даде оставка, веќе постојат кандидати за да ја заменат.

Меѓу конзервативците кои сакаат да ја сменат Меј се тројца поранешни министри во нејзината Влада – поранешната министерка за труд Естер Мекви (51), поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон (54), како и поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб (45).

И неколку актуелни министри сакаат да ја заменат Меј, меѓу кои и министерот за надворешни работи Џереми Хант (55) и министерот за здравство Мет Хенкок (40).

Како кандидати се спомнуваат и заговорниците на Брегзит – Андреа Лидсом (56) и Мајкл Гоув (51), поранешниот дипломат Рори Стјуарт (46), поранешниот банкар Саџид Џавид (49)  и Грејам Брејди (51) претседател на Одборот на конзервативните пратеници.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега