Теренско вакцинирање: Јапонија ќе ги вакцинира граѓаните на работните места и по факултетите

Јапонија планира да почне со вакцинирање на граѓаните на работните места и на универзитетите од 21 јуни, со цел да се забрза темпото на имунизација, изјави денеска високиот владин службеник Кацунобу Като.

Тој изјави дека вакцини од американската компанија „Модерна“ ќе бидат достапни на работните места и факултетите, објави „Ројтерс“.

„Проширувањето на бројот на пунктови за вакцинација има за цел да го намали притисокот врз локалните заедници, но и да се забрза имунизацијата“, изјави Като.

Макфакс

01.06.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа