Тепачка во спортска обложувалница во Драчево, повредена и вработената

Вчера во 20,50 часот се случила тепачка во спортска обложувалница во Драчево.

Во СВР Скопје, вработена во спортска обложувалница во населба Драчево, Скопје пријавила дека по претходна расправија помеѓу две лица, едниот од нив го скршил стаклениот шалтер во обложувалницата при што и нанел повреди, по што истите го напуштиле местото на настанот, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

02.10.2022 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа