Тепачка во скопско Трубарево: Две лица нападнале помладо момче пред кафеана

Синоќа во скопско Трубарево двајца помлади жители на село Трубарево го нападнале 22- годишниот М.М од Илинден, по што тој пријавил во полиција.

Вчера вечер во 23 часот и 30 минути во СВР Скопје, М.М.(22) од населба Илинден, Скопје, пријавил дека пред угостителски објект во село Трубарево, поради меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од М.С.(27) и А.С.(25), двајцата од село Трубарево, скопско.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега