Тепачка во Неготино

 

Вчера во 16.00 часот се случила голема тепачка во Неготино во кругот на приватно претпријатие. 

Од кратка расправија, настанала физичка пресметка.

„На 14.09.2021 во Полициската станица Неготино, А.Х.(21) од Струмица пријавил дека околу 16.00 часот во кругот на приватно претпријатие во Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и Б.А.(38) од Скопје, од една страна и И.В.(20), Ј.В.(22) и Е.В.(30), сите од Кавадарци, од друга страна“ - известија надлежнте служби на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

15.09.2021 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега