Teпачка во Клиниката за пулмологија

Во амбулантата на Клиниката за пулмологија во Скопје денеска попладне се случил инцидент, откако медицински техничар замолил машко лице кое било во придружба на пациентка, да почекаат надвор бидејќи здравствените протоколи не дозволуваат повеќе лица за време на преглед да бидат во иста просторија.

Случајот е пријавен во полиција, ја потврдија информацијата на МКД.мк од Министерството за здравство.

Од полицијата велат дека било пријавено нарушување на јавен ред и мир со тепачка. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа