Тепачка пред кафеана во Илинден- интервенирала и полицијата

 

Тепачка во населбата Илинден пред угостителски објект, интервенирала полицијата.

Како што информираат од МВТ, утринава  во 00.38 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека околу 00.30 часот во угостителски објект во населба Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.П.(30) од Куманово, од една страна, и С.П.(31) од Скопје и Х.Н.(22) од населба Илинден, од друга страна.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега